На актуелниот вицепрвак, Еурофарм Пелистер му требаа само десет минути да ги искористи своите шанси и „црната дупка“ на Бутел, па гостите триумфално да заминат со трите бода од Скопје победувајќи со 27-23 (9-8). Во завршницата на мечот можеше да има драма, но, серијата на Бутел стигна само да намали на „минус три“ ама не и за пресврт.
Во плејофот ќе се играат уште 14 кола по што ќе се добие шампионот, а Еурофарм Пелистер тргна со три бода што ги пренесе од регуларниот дел и плус уште три од сегашниот меч. Бутел останува на единствениот бод со кој тргна во плејофот.
Две различни полувремиња одиграа екипите, а особено домашниот тим на Бутел. Првото со многу драма, неизвесност, малку голови и второто со грешки кои беа казнувани со голови од нивниот ривал. Еурофарм Пелистер трпеливо ги чекаше своите минути, и од 36 до 46 минута направија серија од 6-0 поведувајќи со 19-12, по што беше јасно дека битолчани ќе победат.
Потоа беше само рутина да се одржи предноста. Бутел при резултат 12-13 за гостите имаше напад з аизрамнување што не го реализираше. Потоа следуваа три напади беа гол на Бутел, а погодоци за Еурофарм Пелистер. Таа предност продолжи да се зголемува дури иако домашните земаа тајм аут при резултат 12-18.
А почетокот на средбата најавуваше сосема поинаков натпревар. Бутел пред домашна публика најави дека нема никому да му биде лесен ривал, особено не на фаворитите. Во првите 15 минути од мечот двата тима играа подобро во одбрана што резултираше со малку постигнати голови. Бутел првиот гол го постигна во 3 минута, а Еурофарм Пелистер првиот свој гол дури во 7 минута.
Но, гостите веќе во 17 минута имаа предност од 5-2 иксористувајќи неколку минути добра игра и со три гола по ред „избега“ на три гола предност.
Иако Марко Мајиќ не реализираше пенал во следната минута (ударот го одбрани Лесјак), сепак Бутел се врати во игра зашто во 23 минута имаа реми, 6-6. Неизвесноста повторно беше во салата во Бутел.
Гостинскиот тренер побара тајмаут и неговите играчи имаа два искористени напади направија предност од 8-6. Но, Бутел не се предаваше, па до крајот на полувремето се врати во игра, и имаше и последен напад за израмнување. Но, сепак домашните беа сопреми и „зелените“ заминаа со минимална предност од 9-8 во соблекувалната.
Имаше Еурофарм Пелистер и предност од „плус 8“ за водство 22-14, ама и Бутел за момент се закани па намали на 25-20 во 54 минута, а потоа и 25-22. Мирко Радовиќ во 58 минута ги реши дилемите со голот за водство 26-22.
Кај победничкиот тим најпрецизен беше Мирко Радовиќ со 7 гола, а Себастијан Хенеберг постигна 5 гола. Во екипата на Бутел најпрецизен беше Мирко Мајиќ со 5 гола
Во следното коло Бутел повторно е домаќин, само на Еурофарм Пелистер 2, додека првиот битолски тим дома ќе игра со Алкалоид.