Диви блескаше на голот – Голден Арт падна во Неготино!

Ракометарите на Вардар Неготино предводени од голманот Петар Ангелов, стартуваа со победа во плеј-аут фазата во Суперлигата, откако на свој терен славеа против составот на Голден Арт, со резултат. 25:23.

Домаќините тргнаа во добар и висок ритам и со погодоците на Ташев, Адамовиќ, Орешков и Пеовски дојдоа до водство од 4:1. Сепак, добриот почеток на домаќините не беше никаква гаранција дела ќе продолжат во истиот ритам во остатокот од дуелот, бидејќи избраниците на Матлиески со серија од 3:0 го изедначија резултатот на 4:4.

Голен Арт заигра поцврство се разбрани Даскалоски, па така екипата од Скопје кон средината на првото полувреме за првпат поведе со 5:4. Следуваше период, во кој двете екипи водеа голема борба за секоја топка и наизменично се менуваа во водство. Резултатот во речиси најголемиот дел од 15 минута, па сѐ до крајот на првиот дел беше нерешен. Тимот на Матлиески на пауза замина со минимална предност од 11:10.

Вардар Неготино со погодоците на Кузманов и Орешков на почетокот на вторите 30 минути го презеде водството, поведе со 12:11. Одличен на голот на домаќините беше искусниот Ангелов. Поранешниот репрезентативец на Македонија за 15 минути на теренот имаше осум интервенции. Домашниот тим во 38-та минута поведе со 14:12, а тоа беше причина тренерот Матлиески да побара тајм-аут, со цел неговите избраници да бидат повеќе фокусирани.

Орешков со својот трет гол во 40-та минута на својот тим му донесе водство од ,,плус три” 15:12, додека минута подоцна Адамовиќ не успеа да реализира за четири гола разлика. Голден Арт вториот гол во второто полувреме го постигна дури во 41-та минута за намалување на негативата на 15:13.

Ракометарите на Вардар Неготино во последниот дел од дуелот влегоа со највисока предност од 19:15. Психолошката предност беше на страната на домаќините, кои предводени од Ангелов започнаа да градат предност од четири до пет гола разлика. Домаќините во 50 минута зголемија на 20:15, но во финишот целосно се опуштија и му дозволија на гостинот да намали да изрмани на 23:23.

Во последната минута Адамовиќ погододи за 24:23, додека на 30 секунди пред крајот Шилегов не успеа да погодои од пенал. Орешков со атрактивен гол во последната секунда ги постави конечните 25:23.

Најефикасни во победничката екипа со по пет гола беа Ѓорѓи Орешков, Лазар Адамовиќ и Петре Пеовски. Голманот Петар Ангелов, кој во исто време е тренер на Вардар Неготино, забележа 14 интервенции. Кај гостите, кои беа ослабени поради отсуството на Ивица Илиев, се истакнаа Марко Трајковски и Дејан Гошевски со четири реализации.