Лука Степанчиќ се врати на терените по скоро три години пауза!

Хрватскиот десен бек Лука Степанчиќ се врати на ракометните терени по скоро три години пауза поради повреди.

Тој се најде во составот на ПИК Сегед за пресметката против Цеглед од унгарскиот шампионат, која ја доби неговиот тим со 45-28.

Степанчиќ доби минутажа на овој натпревар во второто полувреме и успеа да постигне три погодоци.

Стратегот Хуан Карлос Пастор добива уште една опција на десната бековска позиција покрај Кент Робин Тонесен и Иманол Гарсијандија во пролетниот дел од сезоната.