QF1 - France vs Germany, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Gdansk, 25.01.2023, Mandatory Credit © Sasa Pahic Szabo / kolektiff

Франција во вториот дел ја надигра Германија за полуфинале

Олимпискиот шампион Франција се избори за полуфиналето откако во Гдањск во четвртфиналната пресметка ја совлада Германија со 35:28 (16:16). Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ беше резервниот голман Реми Дебоне кој натпреварот го заврши со 14 одбрани, а на голот застана од средината на првиот дел.

Првото полувреме мина во знакот Германија, која имаше водство во најголемиот дел. Највисокото водство на Германците беше 11:7, но Франција потоа со серија од 4-0 успеа да изедначи и до крајот на првиот дел Германија постојано водеше со гол предност, а Франција изедначуваше и на полувреме беше 16:16. За периодот додека Германија имаше водство најзаслужен беше голманот Волф.

На почетокот на вториот дел Франција поведе со 17:16. Германците последното водство го имаа 20:19, а потоа на сцена стапи Франција и нивниот голман Дебоне. До крајот на натпреварот Германија имаше двојно повеќе грешки од Франција, а „триколорите“ натпреварот го завршија со максимална реализација на контранападите 10/10.

Најефикасни кај Франција беа Фабрегас и Ремили со по 5 голови, додека Кај Германија Гола постигна 6 голови.

Во полуфиналето во петок ќе играат Шведска – Франција и Данска – Шпанија.