Тимот на Охрид, кој дел од подготовките за пролетниот дел на сезоната одработува во Србија, го одигра првиот пријателски натпревар.
Избраниците на Горан Андоновски загубија од Црвена Ѕвезда со 35-34, иако на полувремето имаа водство од четири гола, 18-14.
Најефикасен во охридскиот тим беше Цирар со седум гола, шест постигна Бојаниќ, а по пет пати погодија Каракоч и Дрогришки.
Во среда амбициозниот состав на Охрид ќе одигра пријателски натпревар и со тимот на Партизан, српскиот претставник во регионалната СЕХА лига.
Охриѓани обезбедија место во разигрувањето за титулата оваа сезона, но таму ќе стартуваат без бодови.