Франција со големо засилување за дербито со Шпанија

Репрезентацијата на Франција вечерва го игра дерби дуелот против Шпанија за првата позиција на табелата во првата група од главната фаза.

Франција за дуелот против ,,црвената фурија” ќе биде посилна со актуелниот член на Барселона, десниот бек Дика Мем, кој одлично го познава ривалот.

За потсетување, 25-годишниот ракометар во дуелот против Полска во рамки од првото коло од групната фаза заработи повреда и не беше во можност да игра во следните натпревари

Двете репрезентации веќе имаат обезбедено пласман во четвртфиналето на Светското првенство.

Дуелот меѓу Франција и Шпанија ќе се одигра денес, со почеток од 21:00 часот.