Во дербито од денешната програма во групата Е во Катовице Германија – Србија 34:33 (19:17). Ова беше втор триумф за избраниците на Гисласон. Натпреварот двете репрезентации го почнаа ефикасно, а Германците имаа максмална реализација до 11.минута (9/9) кога имаа и водство од 9:6. Составот на Србија се обидуваше резултатски да се доближи, но тешко успеваше, па така Германија во 22.минута водеше и со 15:11. На полувреме Србија сепак успеа делумно да го намали водството на противникот 19:17.
Во 34.минута Србија намали на 20:19, но само пет минути подоцна Германија имаше пет разлика – 26:21. Во продолжението на натпреварот Србија постојано го бркаше резултатот, но ниту еднаш не успеа да намали под два разлика. Во овој период од натпреварот голманот на Германија Јоел Бирлем, во клучните моменти беше на висината на задачата и имаше неколку клучни одбрани. Најефикасен на дуелот беше Лукас Мертенс со 7 голови од 7 обиди, кај Србија 7 голови постигна Кукиќ. Бирлем на крајот од дуелот имаше 9 одбрани.
Во рамките на групата Г во Јенчепинг Египет – Мароко 30:19 за втора победа на Египет. Најефикасен беше Кадах од Египет со 7 голови, додека во Малме во Х групата дебитантот Белгија ја постигна првата победа на Светско првенство откако го совлада Тунис со 31:29. Најефикасен кај победникот беше Арбер Ќерими.