„Повеќе од гол“ – MOZZART донира по 3.000 денари за секој гол на Македонија на СП 2023!

Тоа е повеќе од гол, повеќе од игра! Јануари повторно ни е резервиран за ракометот, ракометарите на Македонија во петок стартуваат на Светското првенство, а во секој напад ќе имаат дополнителен мотив – компанијата Mozzart за секој нивен погодок на светскиот собир ќе донира по 3.000 денари во хуманитарни цели.

Нашата репрезентација првиот меч го игра во петок против Норвешка, а во групата ќе се соочи уште и со Холандија и Аргентина. Трите најдобри одат во втората рунда, додека последниот патува во Президент Купот. Нема да биде лесна задачата која го очекува тимот на Кирил Лазаров и затоа е многу важно да им се даде на момците ветар во грб. Низ оваа традиционална акција, Mozzart секогаш пробува да го извлече најдоброто, но и најхуманото од спортистите, кои со воодушевување ги поздравуваат ваквите иницијативи.

Еден од нашите главни адути на овој светски ракометен собир ќе биде Филип Талески, кој воедно е и промотер на хуманитарната акција на Mozzart. Ракометарот на Вардар кој игра одлична сезона најави дека задоволство му е што е дел од оваа кампања, а истовремено кажа дека Македонија нема да крене бело знаме пред никого.

„Ми претставува посебно задоволство да бидам промотер на оваа хуманитарна акција на Mozzart. И се заблагодарувам на компанијата што ме одбра токму мене за оваа кампања поврзана со СП во ракомет 2023 година. Нашиот тим ќе даде сѐ од себе за постигнување на подобар резултат и што е можно повеќе голови. На тој начин правиме две успешни работи, ја претставуваме нашата Македонија со добар пласман и ја зголемуваме можноста за што поголем износ на средства наменети за хуманитарни цели “ – изјави Филип Талески.

Од менаџментот на Mozzart им посакаа среќа на ракометарите и многу голови во противничките мрежи.

„Целата земја во наредните денови ќе биде со ракометарите. Затоа решивме да им пружиме дополнителна поддршка и да ги мотивираме да постигнуваат што повеќе голови. Веруваме дека момците ќе бидат разиграни и дека таа добра енергија, односно учеството во оваа акција ќе ги турне кон победи. А ние, заедно со навивачите со дополнителен жар ќе го прославиме секој погодок, бидејќи знаеме дека тоа го зголемува фондот за хуманост и дека помошта ќе отиде таму каде е најпотребна.” – нагласија од менаџментот на компанијата Mozzart.

Првиот натпревар на Македонија против Норвешка се игра во петок од 20:30 часот. Натпреварот Македонија – Холандија е закажан на 15 јануари од 18:00 часот, додека последниот меч од првата фаза по која ќе се знае нашата иднина на СП 2023 против Аргентина се игра на 17 јануари од 18:00 часот.