Лазаров: Се надевам дека Македонија за брзо време ќе стане Норвешка

Македонската сениорска машка репрезентација пред заминувањето на Мундијалиот во Полска и Шведска одржа прес конференција на која беа присутни селекторот Кирил Лазаров, голманот Никола Митревски и левиот бек Филип Талевски.

Селекторот Лазаров е задоволен од сето она што досега го постигна оваа репрезентација, смета дека најдоброто допрва следува, а овие ракометари несомнено ја заслужуваат целата поддршка на јавноста.

Направивме потполна смена на генерации и сите со заеднички сили стигнавме до посакуваното Светско првенство кое започнува за два дена.Момците треба да се охрабрат, треба да им се даде поддршка бидејќи имаа една напорна година на репрезентативен план. Имавме едно тешко Европско првенство, потоа два баража против екстра квалитетни противници како Чешка кои многу вложуваат во ракометот, кои успеавме со заеднички сили да ги поминеме и да и дадеме шанса на оваа млада генерација да продолжи по нашите стапки.Во меѓувреме актуалните репрезентативци кои се во составот имаа Медитерански игри каде стигнаа до полуфиналето што е огромно искуство за сите нив кое многу ќе им значи на ова Светско Првенство. Плус на ова ќе ги додадам и доминантните победи над Турција и Луксембург во квалификациите за ЕП, кои иако не се така атрактивни противници не донесоа на чекор до пласман на ЕП. Затоа како селектор им се заблагодарувам, исто така и на вас медиумите, сметам дека треба да им се даде пофалба, меѓутоа и една подршка и ветар во грб за сето она што не очекува.Ние сме во еден процес на подмладување, но покажуваме квалитет, но што е најважно имаме идентитет, нешто што Македонија ретко кога го имала. Не знам дали тој ќе биде доволен да се победува или губи но се надевам дека сме на добар пат, еве во првото коло играме против Норвешка, и се надевам дека Македонија за брзо време ќе стане Норвешка.Норвежаните се ултра квалитетна репрезентација која секогаш се бори за медал, но ние го одиме тој пат и се надеваме дека ќе станеме како тие квалитетни скандинавски репрезентации. Задоволен сум со подготовките, малку ме загруижува здравствената состојба, посебно на Николче Митревски, Филип Талевски вчера го одработи првиот тренинг со екипата, се во подобра состојбан но не се стопроцентно подготвени. Ќе бидеме претпазливи, не чека еден турнирски систем каде ќе играме на два дена, а се надевам дека ќе одиграме и многу повеќе натпревари. Но, треба да бидеме внимателни, како сето тоа ќе го издозираме, бидејќи ова  е турнирски систем. Ние сме нација која е носена од срцето, од емоцијата, покрај физичкиот дел и емоцијата знае доста да не истроши,па поради тоа сите ние од стручниот штаб до лекарскиот тим ќе внимаваме доста на тоа. Доколку победиуваме не треба да бидеме премогу еуфорични, ниту премногу да навиваме после некој пораз, бидејќи ќе има и победи и порази, посебно за оваа репрезентација која е подмладена.