Во пресрет на почетокот на Светското првенство во Полска и Шведска, ширум светот се играат пријателски натпревари за темпирање на формата. Денес на програмата беа неколку интересни натпревари, каде имавме можност да го погледнеме и настапот и Холандија, која е еден од противниците на Македонија.
Холанѓаните имаа пеколно тешка задача ако се знае дека и гостуваа на моќната Франција, а и резултатот го потврдува тоа. Франција ја прегази Холандија со резултат 43-32 и на најдобар можен начин го отвори првиот контролен натпревар во пресрет на Мундијалот.
На почетокот на натпреварот Франција го имаше расположениот Фабрегас на линијата од 6 метри кој со три гола во серија успешно ги користеше асистенциите од своите соиграчи Дика Мем и Никола Карабатиќ. И покрај привидната надмоќ на тереното Франција во првиот дел не успеа така лесно да го скрши отпорот на жилавата Холандија. Кај лалињата расположени за игра беа голманот Равенсберген и левиот бек Боби Шаген кој лесно го наоѓаше патот до францускиот гол. Французите беа расположени за игра во нападот, но одбраната не беше не препознатливото ниво, па Холандија го искористи тоа да отиде на полувреме само со гол негатива 19-18.
Во второто полувреме ја видовме препознатливата Франција која комплетно го скрши отпорот на Холандија и го декласира противникот. Мелвин Ричарсон и Дилан Наи кои малку играа во првиот дел брилираа на теренот, се разбрани голманот Реми Десбоне, а пикерот Никола Турна беше беспрекорен на линијата од шест метри. Сето тоа беше доволно за голема победа на Франција од 43-32.
Најефикасен на натпреварот беше Никола Турна од Франција со седум гола.
Покрај овој натпревар денеска на програмата беа уште три дуели на кои беа забележани следниве резултати.
Полска 32-27 Иран
Египет 33-30 Чешка
Белгија 30-28 Мароко