Репрезентацијата на Полска со победа над Иран 32:27 (16:17) го стартуваше Новогодишниот турнир во Катовице. Ко-домаќинот на Мундијалот Полска имаше проблеми со незгодниот состав на Иран предводен од селекторот Веселин Вујовиќ на клупата и во првиот дел репрезентацијата од Азија имаше предност од еден гол.
Предводени од расположениот во нападот Аркадиуш Морито (постигна 10 голови) „бело-црвените“ стигнаа до победата. Вардерецот во дресот на Полска, Јан Чувара постигна 3 голови. Во селекцијата на Иран најефикасен беше Мојтаба Хејдарпур со 7 голови.
Сличен тек на имаше и вториот натпревар на турнирот во кој дебитантот на Мундијалот Белгија го совлада Мароко со 30:28, иако на полувреме беше со негатива 12:16.
Утре на турниорт се дуелите од 2.коло: Полска – Мароко и Белгија – Иран.