Најдобриот стрелец од Светското првенство 2021 година, Франкис Карол Марсо, нема да настапи на Мундијалот 2023.
Репрезентацијата на Катар, која ќе учествува на Светското првенство во јануари, ќе биде драстично ослабена поради отсуството на најдобриот стрелец од претходниот Мундијал.
Ракометарот од Куба со катарски пасош, кој на Мундијалот во Египет постигна 58 погодоци, го напуштил репрезентативниот камп на Катар, така што селекторот Валеро Ривера ќе мора да прави нова тактика.
Катар на Светското првенство 2023 ќе игра во група со репрезентациите на Германија, Србија и Алжир. Најдобрите три репрезентации ќе обезбедат пласман во следната фаза на шампионатот.