Полскиот лев бек Симон Сичко ќе биде подготвен за настап на Светското првенство на кое неговата татковина заедно со Шведска ќе бидат домаќини.
25-годишниот член на Келце, заработи повреда на главата по опасниот старт на Шушња на дербито со Висла Плоцк.
Тој мина неколку дена во болница и неговата состојба беше следена од медицинскиот тим на Келце, кој му дозволи да тренира, но со ограничувања.
Сичко ќе го пропушти турнир „Четири нации“, на кој покрај Полска, играат Бразил, Јужна Кореја и Тунис, но неговото комлетно враќање на терен ќе случи после Нова Година.