Селекторот на машката сениорска репрезентација на Бразил, Маноел Оливеира го објави списокот на играчи за настап на Светското првенство во Полска и Шведска.
Бразил на Мундијалот во јануари ќе пристигне со многу искусни играчи, како левиот бек Дос Сантос Тијагуш Петруш, кој добива голема минутажа во каталонскиот гигант Барселона, крилата Рудолф Хакбарт, централниот бек Жоао Силва… исто така може да се пофалат со огромно искуство, што го прави Бразил незгоден тим.
Искусниот стратег за време на подготовките ќе ме да смета на 19 играчи, меѓу нив се наоѓа и екс ракометарот на Вардар, кружниот напаѓач Рожерио Мораеш, кој се уште е неизвесен за настап на Мундијалот поради повреда.
Најголем дел од избраните играчи настапуваат во Асобал лигата, во екипите на Грањолерс, Барселона, Торелавега, Гвадалахара….
Бразил на Светското првенство ќе игра во групата Ц заедно со ко-организаторот Шведска и со селекциите на Уругвај и Зеленортските Острови.