Полскиот лев бек Симон Сичко, по остриот старт на Леон Шушња и падот на глава во дербито меѓу Келце и Висла Плоцк, доби потрес на мозокот и беше хоспитализиран во болница.
Репрезентативецот на Полска во четвртокот беше пуштен на домашно лекување, а на вчерашниот натпревар во Лигата на шампионите меѓу Келце и Целје беше забележан на трибините.
Сепак, неговиот настап на Светското првенство во јануари е неизвесен, а во следниот период треба да се знае дали левиот бек ќе може да им помогне на своите колеги на Мундијалот.
Полска заедно со Шведска ќе бидат ко-организатори на Светското првенство 2023.
Избраниците на Патрик Ромбел во групната фаза ќе играат со селекциите на Франција, Словенија и Саудиска Арабија.
Dziś rano opuścił szpital i jest z nami w Hali Legionów! 💛🤍💙#gramyRAZEM #dawajDAWAJ pic.twitter.com/xcv8p4Pz1t
— Łomża Industria Kielce (@kielcehandball) December 15, 2022
Хоспитализиран играч на Келце со потрес на мозокот, постои сомнеж за внатрешно крварење!