Ракометарите на Тиквеш лесно ја минаа првата пречка во Купот на Македонија и се пласираа во осминафиналето, откако славеа убедливо над прволигашот Кичево со 46:20.
Домаќините, кои настапија со комбиниран состав, имаа контрола од самиот старт. Тиквеш во воведниот дел поведе со 6:1 и како одминуваше времето растеше предноста во корист за домашниот табор.
Кичево, кој во Кавадарци допатува со една постава, немаше многу опции во нападите и веќе беше јасно како ќе се одвива натпреварот. Суперлигашот уште во првиот дел ја оправда фаворитската улога и на пауза замина со предност од 22:8.
Тиквеш во продолжението продолжи со исто темпо и како на тренинг ја полнеше гостинската мрежа. Вторите 30 минути беа повеќе формалност, во која домаќинот додаде уште 24 гола за поубедлива победа.
Најефикасен во победничката екипа беше Евгениј Темелкоски со осум погодоци, додека по седум реализации имаа Димитар Коцев и Орданчо Лазов. Кај Кичево листата на стрелци беше предводена од Стефан Стефаноски и Дарио Јаковлески, кои постигнаа по пет погодоци.
Куп на Македонија, елиминации:
Јехона – Бутел Скопје 30-53
Вардар – Мулти Есенс 43-18
Аеродром – Пролет 33:35
Вардар Неготино – Партизан Гевгелија 40-16
Тиквеш – Кичево 46:20
10.дек 12:00 Јуниор КВ – Драчево
10.дек 12:00 Алкалоид – Астраион
10.дек 14:00 Прилеп – Металург РА
10.дек 15:30 Голден Арт – Овче Поле
10.дек 16:00 Еурофарм Пелистер – Текстилец
10.дек 16:00 Радовиш – Преспа
10.дек 17:30 Младост Богданци – Охрид
10.дек 18:00 Струга – Македонија ЃП
10.дек 19:00 Еурофарм Пелистер 2 – Шампион
10.дек 19:30 Скопје – Бисинов
11.дек 17:00 Куманово – Голден Арт 2