Поранешната ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, Наталија Дерепаско, стана селекторка на Кина и ја води оваа селекција на Азискиот шампионат. Екс левиот бек на македонскиот шампион, од стартот на оваа сезона се пресели во Русија, каде ја води кинеската екипа Феникс, која игра во рускиот шампионат.
Кинеската федерација и ја довери шанса и да го води националниот тим на Азискиот шампионат што се одржува во Јужна Кореја. Кина ги победи Казахстан, Хонг Конг и Тајланд во групата, а загуби од Јапонија и се наоѓа на чекор до полуфиналето и пласман на Светското првенство во 2023 година во Данска, Норвешка и Шведска.
Дерепаско го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров од 1995 до 1997 година, а потоа се пресели во словенечкиот Крим, каде што играше 11 сезони. Откако ја заврши играчката кариера започна тренерска, беше асистент, а лани доби шанса и како прв тренер да го води Крим.
Со доаѓањето на Драган Аџиќ, немаше место за неа во Крим, па се пресели во Русија.