Екипата на Куманово не беше никаква закана за ракометарите на Охрид, кои со 32-17 беа подобри во дуелот одигран попладнево во спортската сала „Билјанини Извори“.
За тренерот на гостите Љубиша Димковски овој резултат е реален бидејќи допатувале без неколку стандардни првотимци.
„Во Охрид дојдовме без неколку стандардни првотимци и носители на играта. Вучко Мрвовиќ има малку потешка повреда очекувам за недела до две да се врати. Виктор Петковски, Даниел Трајчески се исто така отсутни поради повреда, така да мислам дека ова беше максимумот што можевме да го извадиме денес. Се надевам дека за наредните дуели ќе бидеме комплетни. Ни остануваат уште три натпревари, со Бутел, Вардар и во последното коло ни доаѓа Прилеп. Тоа ќе биде натпревар во кој ќе двата тима ќе се борат за бодови и натпревар кој ќе биде значаен за двете екипи“, изјави тренерот на кумановци Димковски.
Куманово во следната рунда ќе го пречека тимот на Бутел кој во ова коло беше подобар од Вардар Неготино.