Гичевска: Немавме добра анализа на ривалите и поширок ростер

Македонската репрезентација загуби од Романија со 31-23 во третиот натпревар на Европското првенство.

Левиот бек Леонида Гичевска вели дека ни фалеше повеќе анализа на ривалите и поширок ростер.

„Можеби можевме да одиграме поразлично против Неагу, но ако и дадеме многу акцент неа, позади е Пинтеа, која исто така е многу опасна, но тоа е што е. Многу ни е криво, поддршката беше одлична од домашната публика. По десет години добивме прилика да играме на ЕП и криво ни е што не го искористивме на подобар начин. Дадовме се од себе денеска, се виде тоа на теренот, бевме рамноправни во првото полувреме. Нашиот пад почна кога тие почнаа да менуваат, а ние останавме исти на теренот. Влегуваа дел од помладите кои не се толку искусни. На оваа репрезентација и претстои убава иднина и ќе се радуваме на успеси во иднина. Ни фалеше подобра анализи на ривалите и поширок ростер“, вели Гичевска.

Следен предизвик за женската репрезентација ќе биде бараж двомечот за Светското првенство во 2023 година.