Тимот на Талент Плзен стигна до осмата победа во осмиот натпревар во првенството над Чешка, откако славееше против Хранице со 44:24.
Македонскиот интернационалец Никола Костески одигра повторно на високо ниво триесетина минути, во кои постигна три гола.
Десното крило имаше и две асистенции и три украдени топки на овој натпревар, по кој Плзен го задржа максималниот биланс во чешкиот шампионат.
Во следното коло Талент Плзен и Костески за ривал ќе го имаат незгодниот состав на Зубри веќе за три дена.