Тимот на Еурофарм Пелистер пред стартот на Лигата на Европа ќе одигра силен тест натпревар против репрезентацијата на Саудиска Арабија.
Натпреварот меѓу Саудиска Арабија и битолчании ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански“ утре со почеток во 20:00 часот.
Се очекува своето деби во тимот на Ларс Валтер да го има данскиот лев бек Себастијан Хенеберг.
Саудијците се на подготовки во Скопје под водство на Данецот Јан Питлик, пред настапот на Мундијалот во јануари, па престојот го користат за пријателски натпревари.
Битолчани пред првиот натпревар од Лигата на Европа против данскиот Орхус ќе одиграат и натпревар од Суперлигата на гости кај Пролет.