Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за второто коло од Европскиот Куп во машка конкуренција.
На европските терени ќе бидат активни две судиски двојки и двајца делегати од Македонија.
Методија и Михајло Илиевски ќе го судат реванш натпреварот меѓу израелскиот Рамат Хашарон и Фади Винтертур што ќе се игра во Рамат Хашарон на 5 ноември 16:00 часот.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат првиот натпревар меѓу словенчката Рико Рибница и босанскиот Борац Бања Лука што ќе се игра во Рибница на 29 октомври од 19:00 часот.
Камер Металари ќе биде делегат на првиот натпревар меѓу косовскиот Раховеци и чешката Карвина што ќе се игра на 30 октомври од 18:00 часот во Раховец.
Ацо Николовски ќе биде делегат на реванш натпреварот меѓу норвешкиот Сандефјорд и црногорскиот Ловќен што ќе се игра на 5 ноември од 17:30 часот во Цетиње.