Екипата на Металург денес во СЦ „Јане Сандански“ ќе го одигра реванш натпреварот против грчкиот шампион ПАОК во рамки од второто коло од Европскиот Куп.
На првиот дуел, кој беше одигран минатиот викенд во Солун, тимот на ПАОК обезбеди победа со девет гола разлика, 26:17.
Металург ќе има тешка задача да ја надополни негативата и да дојде до поволен резултат, бидејќи шампионот на Грција во денешниот натпревар ќе настапи со истиот состав од претходниот дуел.
Тренерот на Металург, Јулијана Дамчевска, исто така одлучи да настапи со истиот состав и со нејзините избранички ќе се обидат да дојдат барем до победа пред својата публика.
Натпреварот меѓу Металург и ПАОК ќе се одигра со почеток од 16:30 часот. Влезот за сите љубители е слободен.