Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер уште повеќе се засилува пред стартот на новите европски предизвици. Нов член на битолскиот клуб е данскиот лев бек Себастијан Хенеберг, кој потпиша договор до крајот на оваа сезона.
Ракометарот, кој има 28 години, со нетрпение очекува да ја запознае битолската публика, но исто така се надева дека ќе има успешен деби настап на европска сцена кога на 25 октомври „фармацевтите“ ќе го пречекаат неговиот поранешен клуб Архус во рамки од првото коло од Лига на Европа.
„Сметам дека овој трансфер е добра прилика за мене. Доаѓам во еден добар клуб и тренерот Ларс Валтер одигра важна улога за реализација на овој трансфер. Тој ми кажа за клубот и за неговите амбиции. Знам дека градот го сака ракометот и со нетрпение очекувам да ги запознаам навивачите. Интересно е што првиот натпревар во Европа ќе биде против Архус и се надевам дека ќе оствариме поволен резултат на овој натпревар. Архус има добар ростер и моментално клубот е меѓу најдобрите во Данска. Не очекува тежок натпревар“, изјави Хенеберг.
Искусниот ракометар потекнува од Силкеборг, каде играше до 2013, потоа мина пет сезони во Архус, пред да го има првото интернационално искуство во норвешкиот Елверум.