Голден Арт ја продолжува низата на освојување турнири во млади категории оваа година и на најдобар начин покажува дека обрнува посебно внимание во создавање млади македонски ракометари.
На турнирот „Карпош 2022“ по повод големиот македонски празник „11 октомври”, во Куманово, кадетската екипа на Голден Арт си замина со победничкиот трофеј откако во големото финале ја совлада домашната екипа со резултат 27:26 (13:13).
Покрај Куманово и Голден Арт, учествуваа и екипите на Рисови и Македонија Ѓорче Петров.
Кадетскиот состав на Рисови со убедливата победа над Македонија Ѓорче Петров од 31:12 го освои третото место на турнирот.
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Марко Каркалашев, кој во полуфиналето и финалето беше еден од предводниците на неговата екипа.