Ракометарките на Куманово по вчерашниот минимален пораз од Макаби Аразим Рамат со 26-25, денеска ќе го играат реванш дуелот.
Во борба за третото коло во Европскиот Куп, избраничките на Драгана Ристова ќе мора да слават против израелскиот тим најмалку со два гола разлика или евентуално со еден, па преку пенали да го решат патникот.
Куманово на реванш натпреварот ќе настапи со истиот состав од вчерашниот дуел, а промени во играчкиот кадар нема ниту кај израелскиот тим.
Натпреварот меѓу Куманово и Макаби Аразим ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.