Тимот на Хипо, кој на времето жареше и палеше на меѓународна сцена и кој беше еден од најголемите ривали на тогашниот Кометал Ѓорче Петров, се наоѓа пред елиминација од Лигата на Европа уште по првата пречка.
Ракометарките на Хипо во второто по ранг квалитетно натпреварување немаа многу среќа во ждрепката и за противник го добија Олденбург од Германија.
Првиот дуел меѓу Хипо и Олденбург заврши со победа на германскиот тим од 33:26, па така на реванш средбата, која ќе се одиграа на 16 октомври во Олденбург, поранешниот европски гигант ќе треба да сѐ надмине себе си, односно да обезбеди победа од осум гола разлика.
Хипо од 1977 година доминира во Австрија, со исклучок на 2019 година, кога титулата ја освои Ацгерсдорф, како и 2020 година, која што беше прекината поради ковид пандемијата. Хипо шест пати ја освојуваше Лигата на шампионите, последниот пат ја освои во 2000 година кога во финалниот дуел го совлада Кометал ЃП.