Македонскиот шампион Ѓорче Петров обезбеди пласман во третото коло од Европскиот Куп, откако со победа и реми го елиминираше исландскиот ривал КА Тор на негов терен.
Пред Ѓорче Петров, директен пласман во третото коло од ова натпреварување имаа уште пет екипи – шпанскиот Атлетико Гуардес, српската Јагодина, украинската Галичанка Лвов, турскиот Измир и чешката Хазена Кинзварт.
Македонскиот тим има висок рејтинг и ќе биде дел од носителите пред ждрепката, односно ќе биде во првиот шешир, заедно со погоре наведените пет екипи и уште десет што ќе обезбедат пласман овој и следниот викенд.
ЕХФ ќе треба да потврди на 17 октомври за распоредот на екипите по шешири, а ждрепката ќе се одржи на 18 октомври во Виена.