Во натпревар од 3. коло од Првата лига, екипата на Металург РА на гостувањето во Струмица кај Астраион триумфираше со три гола разлика, 28:25 (11:13). Тимот од Автокоманда победата ја освои со подобрата ангажираност во последниот период од натпреварот.
Воведниот дел им припадна на домаќините, кои до 10 минута беа во резултатска предност. По водството на Астраион од 5:4, ракометарите на Бочкаровски со серија од 3:0 направија пресврт, поведоа со 7:5, но никако не можеа да заминат на поголема предност. Астраион го израмни резултатот на 7:7 и до крајот на првото полувреме се играше гол за гол. Металург РА подобро се снајде во последните минути од првиот дел и на полувреме замина со предност од 13:11.
Астраион успеа да им парира на поискусните ракометари и во вториот дел. До 45 минута се играше во егал и во неколку наврати домаќините беа во резултатска предност. Гостинот со серија од 4:0 се одлепи на 24:20, откако претходно беше 20:20 и со подобрата игра во финишот дојде до втората победа во годинешната сезона.
Најефикасни во редовите на Металург РА беа Дамјан Наумовски со шест и Викор Крстевски со пет гола. Кај домаќините се истакна Марко Стојанов со шест реализации.