Тимот на Талент Плзен, каде што игра македнскиот интернационалец Никола Костески, славеше на уште една средба од чешкиот шампионат.
Плзен на домашен терен беше подобар од составот на Нове Соколи со 33-25, откако на полувремето беше само еден гол разлика, 15-14.
Македонското десно крило го одигра само првото полувреме и беше стрелец на четири гола од четири обиди.
Тренерот Штохл го сочува за дербито на чешкиот шампионат со Дукла Прага што се игра претстојниот викенд.