По одличната партија и постигнатите 17 погодоци за Талент Плзен против Фридек, Македонецот Никола Костески се најде меѓу најдобрите на колото во чешкиот шампионат.
Десното крило е номиниран за најкорисен играч на колото, односно МВП со уште двајца ракометари во изборот на чешката федерација.
Покрај Костески, во конкуренција се уште и Јакуб Флајшар од Нове Весели и Адам Птачник од Бањик Карвина.
За македонското десно крило може да гласате со соодветниот емотикон на линкот во продолжение, на Фејсбук профилот на чешката федерација.