Рекородот по број на постигнати голови на еден натпревар во женската Лига на шампиони се уште го држи тимот на Вардар, иако беше во „опасност“ да биде срушен веќе во првото коло од новата сезона.
Вардарки на мечот против против Крим од 6 март 2015 година, постигнаа 47 гола во триумфот со 47-29 на гостински терен во Љубљана.
Во првото коло од новата сезона, германскиот тим Битигхајм славеше против чешкиот Бањик Мост со 46-23 и само за еден гол остана покус од израмнување на рекордот.
Со оглед на слабата конкуренција во новата сезона во елитната конкуренција, нема да биде неочекувано ако некој од топ фаворитите за европската титула го достигне рекордот на Вардар.