Во СРЦ „Билјанини Извори“ се одигра петтиот Суперкуп натпревар во Македонија меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, а дополнителен плус на одличната атмосфера и дадоа и двете навивачки групи.
Комити и Чкембари во текот на целиот натпревар ги бодреа своите миленици, но и испраќаа пораки едни кон други.
Единствени беа само пред почетокот на двобојот кога заедно ја пееја македонската химна, а потоа почна меѓусебната пресметка со транспаренти и навивачки песни…
Еурофарм Пелистер славеше со 23-22 во драматичен натпревар. Мохамед Суси погоди за плус еден за битолчани на стартот на последната минута, а Марко Кизиќ го одбрани последниот шут на вардарци за големо битолско славје.