Тимот на Искра Бугојно, каде што брани македонскиот голман Александар Стојаноски, стартуваше со триумф во босанскиот шампионат.
Искра на домашен терен оствари победа над Маглај со 24-23, откако и на полувремето имаше минимално водство, 12-11.
Еден од најзаслужните за триумфот и бодовите е токму македонскиот голман, кој успеа да одбрани 19 удари на ривалите, од кои 12 беа во првото полувреме.
Погледнете дел од интервенциите на поранешниот голман на Струмица, Струга, Охрид, Јуниор КВ, Тиквеш…