Тимот на Ваљадолид, каде што настапуваат македонските интернационалци Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски ја забележа првата победа во Асобал лигата.
Избраниците на екс вардарецот Давид Писонеро славеа на гостински терен кај Уеска со 32-30, иако по првиот дел губеа минимално со 15-14.
Македонскиот двоец одлично си ја заврши својата работа. Димитриоски даде еден гол од еден обид, но подели многу асистенции до соиграчите, додека Димитриевски постигна два гола од четири обиди, но заврши одлична работа во одбраната.
Ваљадолид во следното коло ќе игра на домашен терен против Пуенте Хенил и ќе се обиде да освои нови бодови.