Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски повторно тренира и ќе биде во тимот на Хановер за следните предизвици во Бундеслигата.
Средниот имаше истегната тетива, му се предвидуваше пауза до три седмици, меѓутоа најновите прегледи покажаа дека не се работи за толку сериозна повреда за каква што првично се мислело.
Македонскиот ракометар тренира веќе неколку дена, а ќе се најде во составот на Хановер за следната средба против Флензбург.
Кузмановски беше на клупата и на претходниот меч по инсистирање на тренерот, ама не доби шанса за настап.