Европската ракометна федерација го потврди распоредот за претстојното Европско првенство во Македонија, Црна Гора и Словенија.
Сите натпревари на нашата репрезентација ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ од 18:00 часот, додека има промена на термините за натпреварите на последниот ден.
Наместо од 14:45, мечот за бронза ќе започне од 17:45 часот, додека финалето наместо од 17:30, ќе стартува од 20:30 часот.
ЕП ќе се игра во Скопје, Подгорица, Љубљана и Целје од 4 до 20 ноември, а Македонија ќе игра против Романија, Холандија и Франција.