Пред стартот на Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора, се одржа ЕХФ семинар за официјалните лица, односно судиите и делегатите на континенталниот собир.
Од 26 до 28 август во Виена, 12 судиски пара и 12 делегати дискутираа на различни теми со 13 ЕХФ експерти. Меѓу темите беа и новите ИХФ правила, важноста на нутриционизмот…
Македонски претставници на претстојното ЕП покрај ракометарките ќе бидат и Исмаил Металари и Ненад Николовски.
ЕП ќе се игра од 4 до 20 ноември во Скопје, Љубљана, Подгорица и Целје.