Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра третиот натпревар на ЕХФ шампионатот во градот Варна, во источниот сосед на Македонија.
Селекторот Бранко Ангеловски и неговиот стручен штаб, направија една промена во ростерот за дуелот со Романија.
Во составот ќе биде левиот бек Давид Димевски, додека надвор од комбинација остануваат Марио Стојановски и Томислав Димковски.
Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра денеска со почеток во 14:00 часот, а судиите доаѓаат од Полска, Јерлецки и Лабун.