Тимот на Скопје продолжува да го крои играчкиот кадар за претстојната сезона во Суперлигата во која влегува со зголемени абмиции.
Најново име на листата можни засилувања е десниот бек Жарко Бајрактаревиќ, кој е меѓу ТОП 10 стрелците во Суперлигата, а минатата сезона ја мина во тимот на Струга.
Бајрактаревиќ три сезони е во Македонија, откако претходно настапуваше и за составот на Јуниор Кисела Вода. Иако имаше понуди да се пресели и во странство, сепак десниот бек од Србија веројатнно ќе остане во Македонија.
Клубот претходно го потврди ангажманот на тренерот Горан Кузманоски, а досега дојдоа и голманот Никола Радовановиќ, крилото Дамјан Јакимовски, како и пивотот Игор Трајковски.
Скопје се наоѓа во групата Б за новата сезона од Суперлигата со Еурофарм Пелистер, Тиквеш, Пролет, Еурофарм Пелистер 2, Голден Арт, Радовиш и Јуниор КВ.