Сагосен опериран вторпат, можеби ќе игра против Македонија на СП?

Норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен беше опериран по вторпат за кратко време, откако стана јасно дека повредениот зглоб не стои во потребната положба.

Тој на дуелот со Хамбург во Бундес лигата заработи повреда на ногата и оштетени лигаменти, беше веднаш опериран, по која рехабилитацијата требаше да трае шест-седум месеци.

Норвешкиот портал „ВГ“ пишува дека Сагосен би можел да се врати на терените кон почетокот на декември, односно порано од предвиденото. Тоа значи дека би можел да биде подготвен за СП и за дуелите со Македонија, Аргентина и Холандија.

„Ќе биде како што ќе биде. Најважно е Сагосен добро да се подготви. Мора да бидеме сигурни дека е подготвен пред да го земеме на Мундијалот“, изјави селекторот Јонас Виле за „НТБ“.

Македонија треба да го игра првиот натпревар на Мундијалот во Полска и Шведска против Норвешка на 13 јануари, а потоа следуваат средбите со Холандија и Аргентина.