Мешков Брест продолжува со Тихон на тренерската позиција

Актуелниот тренер на Мешков Брест, Дмитриј Тихон, кој го презеде кормилото на белорускиот клуб, откако си замина Даниел Гордо, останува на тренерската функција и во следната сезона.

Тихон на почетокот на месец март го имаше дебитанскиот настап како тренер во Мешков Брест и успеа со неговите избраници да ја одбрани шампионската титула во домашниот шампионат.

Раководството на клубот немаше многу опции за ангажирање на нов тренер, па така, Тихон повторно ја доби довербата од челниците на клубот.

Мешков Брест за следната сезона ангажираше неколку засилувања. Во клубот на позајмица ќе настапува и Павел Андреев од Вардар.