Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Љубомир Савевски го соопшти поширокиот список, кој е составен од 35 ракометарки, за настап на Медитеранските игри, кои од 25 јуни ќе се одржуваат во алжирскиот град Оран.
Списокот е спој на младост и искуство, составен од неколку интернационалки и надополнет со ракометарки од Куманово, Ѓорче Петров, Вардар, Металург, Чаир, Феникс, Деспина и Пелистер.
Медитеранските игри во Алжир ќе бидат еден од последните тестови за македонската репрезентација, која во ноември ја очекува тежок предизвик на континенталниот собир, на кој Македонија е еден од домаќините.
Ривалите на македонската репрезентација ќе бидат дополнително познати. Турнирот ќе се одржи од 26 јуни до петти јули.