Европската ракометна федерација ги објави термините за натпреварите на Европското првенство што ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.
Женската репрезентација на Македонија се најде во групата Ц, што ќе се игра во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“ за ривали ги има Холандија, Романија и Франција.
Сите три меча од прелиминарната рунда, Македонија ќе ги игра со почеток во 18:00 часот, додека терминот за вторите дуели од групата е 20:30 часот.
Македонија првиот меч го игра со Франција на 5 ноември, на 7 ноември е пресметката со Холандија, додека на крај, на 9 ноември, нашите дами ќе се соочат со Романија.
Билетите веќе се пуштени во продажба и засега може да набавите дневни пакети за два меча од 40, 65 и 80 евра.
Во продажба билети за ЕП: Гледајте ги трите натпревари на Македонија за 40 евра!