Oткако веќе се познати четирите тимови кои ќе играат на фајнл-фор турнирот во Лигата на Европа (Магдебург, Висла, Нексе и Бенфика) започна и борбата за каде да се одржи завршниот турнир.
Желба за организација покажаа Нексе и Бенфика, а според информациите на „Hanball-Planet“ Бенфика успеала да го победи хрватскиот претставник во битката за организација на турнирот.
Ако се остварат најавите и Бенфика биде домаќин тогаш натпреварите на завршниот турнир во второто по ранг натпреварување во Европа ќе се играат во „Алтиче“ Арената која има капацитет од 15.100 седишта.
Бенфика се уште чека на првиот европски трофеј, а евентуалното играње пред домашната публика за нив сигурно ќе биде дополнителен мотив. Датумот на одигрување на турнирот на најдобрите четири екипи е 28 и 29 мај.