Мајиќ со емотивна посвета: Браќа мои, знам дека сте горди на нас (ФОТО)

Бутел Скопје забележа нова победа во суперлигашкиот плеј-оф, откако славеше над Охрид со 19-17 и е многу блиску до освојување на третото место оваа сезона.

Левото крило Мирко Мајиќ и оваа победа им ја посвети на Марко Божиновски и Денис Тот, кои ги загубија животите и беа дел од успесите на Бутел Скопје.

„Браќа наши мили. Само сакам да ви кажам дека ја исполнивме целта. Не ве посрамотивме и знам дека горди и се радувате. Секогаш ќе бидете со нас“, напиша Мајиќ на социјалните мрежи.

До крајот на сезоната за бутелци остануваат уште три средби – гостување кај Тиквеш во Кавадарци, домашен меч со Вардар и гостински терен кај Еурофарм Пелистер.