Репрезентација на Македонија денес ги доби противниците за Европското првенство во кое ние заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидеме домаќини. Ждребот ни беше далеку од наклонет и во нашата група „Ц“ добивме три топ репрезентации Холандија, Романија и Франција.
Иако јасно е дека ќе биде пеколно тешко да се обезбеди место во главната рунда, сепак селекторот Љубомир Савевски од една страна е и задоволен што ќе имаме прилика да играме против едни од најдобрите светски репрезентаци, всушност станува збор три селекции кои биле светски шампиони.
„Ждребот е убав, не можеше да биде поубав, ги добивме едни од најдобрите репрезентации. Сите репрезентации кои играат на Европското првенство се квалитетни, не можеме да кажеме дека само ние имаме тешки противници. Можеби изгледа како ние да ги добивме најсилните противници, но тоа е што е. Немаше да имаме лесни противници кои и да беа други репрезентации. Ова ќе биде и одлична можност да видиме до каде сме и колку можеме во иднина“.
Фаворитската улога секако е препуштена, а ќе дадеме се од себе да изненадиме.
„Не можеме да кажеме со колку бодови би биле задоволни, во секој случај тие ќе бидат фаворитите, ние ќе се обидеме да изненадиме и да направиме нешто“, ни изјави Савевски.
Европското првенство ќе се игра од 4 до 20 ноември.
Пеколен распоред: Македонија отвора со Франција, на крај двобој со Романија