16 репрезентации кои се квалификуваа на женското Европско првенство кое ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора во четврток на 28-ми април во 17:00 часот ќе ги дознаат противниците во групната фаза.
ЕХФ денес ги потврди имињата на ракометарките кои ќе помагаат при извлекувањето на ждрепката, така од Македонија таа чест и припадна Андреа Седлоска. Останатите три се Татјана Брновиќ од Црна Гора, Ана Грос од Словенија и Шимонета Планета од Унгарија.
На ждрепката ќе формираат четири групи со по четири селекции, а во втората рунда продолжуваат репрезентации од првото до третото место. Дуелите од втората рунда ќе се играат во Љубљана и Скопје, а завршните битки ќе бидат во словенечката престолнина.
ШЕШИРИ ЗА ЖДРЕПКАТА:
шешир 1: Норвешка, Франција, Данска, Полска
шешир 2: Црна Гора, Шведска, Унгарија, Холандија
шешир 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија
шешир 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија
Европското првенство ќе стартува на 4. ноември и ќе трае до 20. ноември. Градовите во кои ќе се одржува се Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана.