Македонската репрезентативка Сара Ристовска и нејзината екипа ЦСКА Москва го освоија трофејот во Купот на Русија.
ЦСКА Москва славеше против Ростов Дон со 25-22 во финалето на завршниот турнир во Краснодар, а на трибините во „Дворецот на спортовите“ имаше и македонско знаме.
При доделувањето на медалите и на трофејот, Ристовска исто така не го заборави знамето на Македонија.
По крајот на натпреварот, Ристовска и Драгана Цвијиќ имаа свое шоу во автобусот со ракометарките на ЦСКА Москва.
Ристовска и ЦСКА Москва испишаа историја – го освоија првиот трофеј во Купот на Русија!