Ристовска и ЦСКА Москва испишаа историја – го освоија првиот трофеј во Купот на Русија!

Tимот на ЦСКА Москва, каде што игра Сара Ристовска, за првпат во клупската историја го освои трофејот во Купот на Русија.

Македонската репрезентативка во триумфот над Ростов Дон со 25-22 учествуваше со два гола од два обиди.

ЦСКА Москва водеше во првиот дел со четири гола, но во второто полувреме Ростов Дон успеа да се врати на реми, 19-19.

Сепак во финишот ЦСКА Москва „нагази“ повторно и немаше проблеми да стигне до вредниот трофеј.